Во Италија откриен првиот случај на новата варијанта на Ковид
Во Италија е откриен случај со новата варијанта Ковид кој се шири во Британија, пренесуваат странските медиуми.
Повеќето европски земји ги забранија сите летови кон и од Велика Британија.
Во Велика Британија, првпат оваа варијанта беше идентификувана во средината на октомври со примерок земен во септември. Секретарот за здравство Мет Хенкок изјави дека новиот вид е излезен од контрола и истиот мора да се превземе контрола врз истиот. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека истата мутација е откриена во Холандија, Данска и Австралија.
Д-р Кетрин Смалиуд, од СЗО во Европа, рече дека бројот на овие земји е мал, девет случаи во Данска и по еден во другите две држави. Но, таа рече дека и други земји ја известиле СЗО за други варијанти „кои исто така содржат некои од генетските варијации забележани во варијантата во Велика Британија“. Се покажа дека новата варијанта во Велика Британија се шири побрзо од оригиналниот вирус - до 70% по пренослив, но научни детали за генетските промени и начинот како тие можат да влијаат на однесувањето на КОВИД-19, остануваат нејасни.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро