Во Италија почнува олабавување на мерките, 4,4 милиони луѓе се враќаат на работа
Во Италија, првата европска земја што воведе општи карантински мерки во борбата против новиот коронавирус, денеска, по два месеца изолација, ќе започне постепено олабавување на рестриктивните мерки, со што околу 4,4 милиони луѓе ќе се вратат на работа.
Во Италија бројот на заразени лица од вирусот Ковид-19 е во опаѓање, а вчера е регистриран најмал број жртви како последица на вирусот во последниот месец – 174.
Новата уредба на италијанската Влада ќе стапи на сила во наредните две недели, што ќе биде „пробен период“ за донесување натамошни одлуки во управувањето со кризата со вирусот Ковид-19. Доколку продолжи позитивниот тренд со епидемиолошки податоци ќе следи повторно олабавување на мерките.
– Тоа ќе биде нова страница што ќе ја испишеме заедно, со доверба и одговорност, наведе вчера италијанскиот премиер Џузепе Конте на социјалните мрежи, најавувајќи ја примената на новите мерки.
Ново на Сител
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
