-->
-->
Во Италија уапсен висок шеф на Ндрангета
-->

Висок шеф на мафијашката организација Ндрангета, кој се криел од 2016 година, е уапсен во рурална област во Калабрија, соопшти италијанската полиција.
Полицијата прецизира дека 57-годишниот Џузепе Пеле бил откриен синоќа во куќа во Кондофури, мало гратче во близина на планината Аспромонте.
- Ова е особено важно апсење, затоа што Пеле беше меѓу оние кои носеа стратешки одлуки во Ндрангета, изјави обвинителот од одделот „Антимафија“ Гаетано Пачи.
Пеле ќе одлежи казна од две години, пет месеци и 20 дена за членство во мафијашка организација и обид за изнудување пари, а додека се криеше против него беше издадена и уште една потерница под обвинение за други кривични дела поврзани со мафијашка дејност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
