Во Италија запленети 510 килограми албанска марихуана

Финализирана е уште една заедничка акција на албанската и италијанската почиција во која се запленети 510 килограни марихуана и уаспено едно лице, јави дописникот на МИА.
Албанската полиција потврди дека по претходна размена на информации со италијанската полиција од Пуља, спречен е обид за меѓународен шверц со марихуана.
- Поради немирното море,со многу големи бранови, шверцерите се надевале дека вниманието на полицијата ќе биде помало, но се излажаа. Моторниот чамец заедно со 510 килограни марихуана, полицијата ги заплени на брегот на градот Лече, јави тиранската телевизија Топ чанел.
Уапсениот е албанскиот државјанин, а се трага и по две лица за кои се смета дека се водачи на криминална група.
Пред неполни два дена во италијанскиот град Лече во моторен чамец полицијата заплени 760 килограми марихуана транспортирана од Албанија.
Доколку запленетата марихуана стигнела на пазарот нејзината вредност се проценува на 7,5 милиони евра. Шверцерите го напуштиле чамецот и успеале да избегаат пред да пристигне полицијата.
На 1 јануари пак италијанската полиција во северниот цел на Отранто, заплени 400 килограми албанска марихуана.
Ново на Сител
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
