Во италијанско градче место питачите ќе се казнуваат оние кои им даваат пари

За разлика од некои држави во северна Европа, каде питачењето е забрането и прекршувањето се казнува, Италија оваа активност на национално ниво законски ја толерира ако за питачење не се користат деца и животни, а за конкретните мерки одлучува општината. Така во градчето Бродигхере, на лигурскиот брег, одлучиле да ги казнуваат оние кои им даваат пари на питачите, пренесува ФЕНА.
Повеќето прописи за тоа каде и како е дозволено да се питачи ги одлучува локалната заедница, па во градчето на лигурскиот брег преземале мерки со кои наместо питачите се казнуваат они кои им даваат пари.
-Бесмислено е да се казнуваат питачи кои не можат или не сакат да платат казна, затоа одлучивме законот против питачењето да го насочиме кон оние кои им даваат пари, со цел таа пракса да се прекине, соопшти градоначалникот на Бродигхере, Гиацомо Паланца, јавува Фена.
Новите прописи нема да важат само во деновите на големите христијански празници кога луѓето обично се повеќе великодушни, особено за време на туристичката сезона.
Ново на Сител
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
-

Светот го истражува македонскиот неолит
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
