Во Израел, Сејшелски Острови и во ОАЕ вакцинирани над 50 отсто од жителите
Во три држави – Израел, Сејшелски Острови и Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) над 50 проценти од населението е вакцинирано против Ковид-19, објави руската новинска агенција ТАСС повикувајќи се на официјални податоци.
Во Израел вакцинирани се 71,79 отсто од жителите, на Сејшелски Острови процентот изнесува 53,62, додека во ОАЕ вакцина примиле 52,49 отсто од населението.
Во Велика Британија и нејзините прекуморски територии и Нормандиските Острови вакцинирани се 23,61 проценти од населението. Во САД вакцина примиле 16,44 отсто од жителите, во Бахреин – 15,44, во Србија – 11,51, на Малта – 10,38 и во Чиле вакцина примиле 10,13 отсто од жителите.
На прво место по бројот на лица кои примиле вакцина против Ковид-19 е САД со 53,8 милиони имунизирани луѓе, а потоа следат Кина и Велиак Британија каде примиче вакцина над 10 милиони луѓе.
Во светот вакцинирани се најмалку 173,4 милиони луѓе или 2,22 проценти од вкупното население на Земјата.
Ново на Сител
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро