Во Јапонија 200.000 луѓе повикани на евакуација по обилните дождови
Во обилните дождови во северна Јапонија има урнато мостови и излеани реки, а 200.000 жители беа повикани да ги напуштат погодените области. Две лица се водат како исчезнати, изјави владиниот портпарол Хироказу Мацуно, а властите предупредија на зголемен ризик од лизгање на земјиштето и поплави.
На телевизиските снимки се гледаат паднати дрвја во калта во близина на планинската станбена зона, како и поплавени куќи и целосно урнат мост. Јавниот сервис НХК објави дека се издадени необврзувачки известувања за евакуација за 200.000 жители во петте префектури во земјата – Нигата, Јамагата, Фукушима, Ишикава и Фукуи. Сообраќањето на некои брзи возови (шинкасен) е прекинато во погодените области.
Во 2021 година, обилните дождови предизвикаа огромно лизгање на земјиштето во Атами, централна Јапонија, при што загинаа 27 луѓе. Во 2018 година, од лизгање на земјиштето и поројните поплави загинаа повеќе од 200 луѓе во западна Јапонија за време на годишната сезона на дождови. Според научниците, затоплувањето ги зголемува ризиците од интензивни дождови во Јапонија, како и на други места во светот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година