Македонија
30. May 2024 - 16:35

Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта

Периодите на промена на власта најмногу влијаат на вработувањата во јавниот сектор. Годината по секој изборен циклус кога се менувала владејачката гарнитура се вработувало најмасовно на државно. Во анализата на Невладините организации oпфатени се периодите во кои на власт биле и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. И двете гарнитури вработувале најмногу во годината по доаѓањето на власт, но со голема разлика во начинот.

За ВМРО-ДПМНЕ попривлечни биле „консултантските услуги“, за СДСМ „привремените вработувања“.