ОН: Во јули во Украина регистриран најголем број цивилни жртви од април 2022 година

Во Украина минатиот месец се регистрирани најголем број загинати цивили од април 2022 година, последица на засилените руски напади со балистички ракети и беспилотни летала со долг дострел, соопшти Канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права.
Во соопштението не е наведен вкупниот број жртви за односниот месец, но се посочува дека само во нападот врз Киев и околината на 4 август загинале најмалку 17 цивили, а 44 биле повредени.
Според Набљудувачката мисија на ОН, во првата половина од 2026 година биле потврдени 1.396 загинати и 7.978 повредени украински цивили. Тоа претставува зголемување од 37 проценти во споредба со истиот период лани и 114 проценти во однос на 2024 година.
Во исто време, ОН наведува дека, според податоците на локалните руски власти, најмалку 12 лица загинале во вторникот во украински напади со беспилотни летала со долг дострел врз неколку руски градови.
Според украинските воздухопловни сили, Русија од вечерта на 4 август ја нападнала Украина со четири противбродски ракети, 24 балистички ракети и 115 ударни беспилотни летала.
МИА
Ново на Сител
-

Во Скопје изречени казни од над 80.000 евра за несовесно одлагање отпад
-

Грејната сезона почнува на 15 октомври
-

„Директорите треба да внимаваат за што изнајмуваат објекти“ - Сулејмани за снимањето на „Секси мама“ во Македониум
-

Димитриески: Функциите за нас не се најважни - Важна е работата што треба да се заврши
-

Кривичниот суд се соочува со кадровски дефицит - фалат судии, поротници, административци и помошен персонал
-

Специјалци на терен, претреси на околу 30 локации: Во тек голема акција на МВР
-

Верверичките ѝ помагаат на науката во проучувањето на еволуцијата на животните во градот
-

„Макфест“ годинава на 30 и 31 октомври, 41.издание на Фестивалот на забавни мелодии
