-->
-->
Во Јужна Африка откриена нова варијанта на коронавирус која предизвика загриженост
-->
Во Јужноафриканската Република се шири нова варијанта на коронавирусот која предизвикува загриженост, јави ДПА.
Во Јужна Африка се откриени првите 22 случаи на новата варијанта, Б. 1.1.529, соопшти вчера четвртокот Националниот институт за заразни болести (NICD).
Се очекуваат дополнителни случаи бидејќи геномската анализа продолжува, соопшти НИЦД.
– Иако податоците се ограничени, нашите експерти работат прекувремено со сите воспоставени системи за надзор за да ја разберат новата варијанта и кои би можеле да бидат потенцијалните импликации, рече шефот на НИЦД Адријан Пурен.
Министерот за здравство Џо Фала рече дека новата варијанта ја потврдува непредвидливата природа на коронавирусот.
Тој ги повика Јужноафриканците да одржуваат физичко растојание и да носат маски. Вакцинациите се исто така критична заштитна алатка, рече тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива