-->
-->
Во Јужна Кореја евакуирани илјадници луѓе поради тајфунот Хинамнор
-->
Околу 3.500 луѓе се евакуирани, а приближно 15.000 лица се предупредени да не ги напуштаат домовите поради налетот на тајфунот Хинамнор врз Јужна Кореја.
Тропскиот циклон, пропратен со силен ветер и врнежи од дожд утрово стигна до јужниот брег на Јужна Кореја, што предизвика поплави и лизгање на земјиштето. На јужниот остров Џеџу оштетени се неколку згради и друга инфраструктура.
Корејскиот полуостров е погоден од бројни тајфуни секое лето и на почетокот на есента. Хинамнор е 11. циклон годинава. Предупредување за тајфунот беше издадено и во Северна Кореја. Според севернокорејските медиуми лидерот Ким Џонг-ун во неделата и вчера имал состанок официјални лица за воведување на заштитни мерки од Хинамнор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања