Свет
11. October 2015 - 10:08

Во Кабул нападнат конвој со странски војници

Конвој со странски војници утрово е нападнат од автомобил-бомба во главниот град на Авганистан, Кабул.

Авганистанското Министерство за внатрешни работи потврди дека е извршен самоубиствен напад врз странски сили и оти има повредени војници, но не го прецизира нивниот број.

Портпаролот на меѓународната мисија „Одлучувалчка поддршка“ во Кабул изјави дека ја проверува информацијата.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, тврдејќи дека убиле голем број странски војници.