-->
-->
Во Калиманци акумулирани 113 милиони метри кубни вода
-->

Во акумулацијата Калиманци досега има акумулирано 113 милиони метри кубни вода, што претставува доволн количина вода за целата наводнителна сезона, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.
Од Водостопанство „Брегалница“ Подружница Кочани, која стопанисува со Хидросистемот и акумулацијата Калиманци, информираа дека е подготвена каналската мрежа од хидросистемот и акумулираните количини вода потребни за престојната наводнителна сезона која официјално започнува на 15 април оваа година.
- Целокупната каналска и дистрибутивна мрежа од Хидросистемот Брегалница е подготвена за испорака на водата до крајните корисници. За полињата во атарот на кочанско Оризари вода ќе биде пуштена на 7. април Благовец, за што ќе бидат користени водите од Оризарска и Кочанска река, изјави Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.
Според планот Водостопанство „Брегалница“ ќе наводнува 9 илјади хектари од кои најмногу 5000 ха се под ориз а останатите површини под останати земјоделски култури.
Инаку, претставници од Водостопанство во наредните три дена ќе имаат средби во населените места Прибачево, Кучичино, Истибања, Јакимово и Виница. Земјоделците продолжуваат со склучувањето на договорите за користење вода за наводнување од ХМС „Брегалница“, а паралелно со овие активности ги подготвуваат и нивите за сеидба и прифаќање на водата од системот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето
-

Велешанка била измамена со СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок
-

Андоновска: Нема простор за паника, бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани
-

Ким Џонг-ун најави дополнително јакнење на воените капацитети на Северна Кореја
-

Кривични пријави против управители и вработени во Агенцијата за управување со одземен имот за злоупотреба на јавна набавка
-

Отворена истрага во САД за можно инсајдерско тргување со нафта во вредност од 2,6 милијарди долари за време на војната со Иран
-

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година
-

Бугарскиот парламент ја избра владата на премиерот Румен Радев
