Во Кавадарци одбележан Денот на полицијата

Полициската станица во Кавадарци на целото подрачје кое го покрива, своите обврски на безбедносен план ги извршува професионално, пожртвовано и посветено. Законитоста во работењето, професионализмот, транспарентноста се основниот белег на нашата комплексна и легитимна полициска работа.
Ова денеска го нагласи командирот Борче Мустеников во обраќањето рамки на одбележувањето на 7-ми Мај - Денот на полицијата.
- ПС од ОН Кавадарци е современа полициска организација која им служи на граѓаните и која ефикасно работи во одржувањето на јавниот ред и мир, во борбата против сите видови на криминалитет, во откривањето на сторителите на казнените дела и во другите сегменти од полициските работи, применувајќи ефикасни правни и демократски процедури и стандарди, додаде командирот.
Најави дека во иднина повеќе ќе работат на превентивен план, што претставува, според Мустеников, најефикасен начин на спречувањето во вршење на крвични дела и прекршоци.
Честитајќи им го празникот на сите припадници на полицијата, градоначалникот на Кавадарци Александар Панов рече дека од квалитетот и начинот на нивното работење зависи безбедноста и во сообраќајот и во делот на криминалитетот, па и сите други апскети кои тие ги покриваат.
- Секогаш биле на ниво на својата задача, па дури и тогаш кога требало да интервенираат и во главниот град и во другите градови на Република Македонија, истакна градоначалникот Панов и додаде оти полициската станица од Кавадарци отсекогаш ја има поддршката од локалната самоуправа и Советот на општината.
Инаку, во текот на првото тромесечје од оваа година, на подрачјето на полициската станица од општа надлежност Кавадарци регистрирани се вкупно 98 кривични дела од сите области што претставува намалување за 11 проценти во однос на истиот период минатата година кога се евидентирале 111 кривични дела.
Во делот на класичниот криминалитет, во овој тримесечен период регистрирани се 88 крвични дела. Тоа е зголемување за 3,5 проценти во однос на периодот јануари-март 2015 година кога имало 85 кривични дела. Намалување на регистрирани казнени дела се бележат во областа на економскиот криминалитет. Во првото тримесечие регистрирани се 4 кривични дела, а во истиот период лани 7 кривични дела. Јавниот ред и мир бележи намалување од 63,5 проценти, во 2016 година имало 27 нарушувања, додека во 2015 година 74 нарушувања.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
