Во Кавадарци одбележан светскиот ден на велосипедизмот

По повод Светскиот ден на велосипедизмот трета година по ред денеска во Кавадарци беше реализирано организирано возење на велосипед низ градските улици за учениците од основно и средно образование.
Претседателот на Сојузот на училишен спорт на Кавадарци, Милан Колев изјави дека настанот се одвива под мотото „И јас сум дел од сообраќајот" и упати апел до децата како најмлади учесници во сообраќајот да внимаваат и да ги почитуваат сообраќајните знаци.
За сите учесници беше организирана лотарија, а најсреќниот доби велосипед.
Според претседателот на општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот Љупчо Лазов, на ваков начин се популаризира велосипедот како превозно средство, а неговото масовно користење ќе придонесе за подобрување на животната средина и за решавање на проблемот со паркирањето на возилата во централното градско подрачје.
Тој побара изградба на што повеќе велосипедски патеки, а од граѓаните почесто да го користат велосипедот.
Дел од денешната манифестација беа и Министерството за внатрешни работи и Брзата помош.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
