-->
-->
Во Кавадаречко снежна покривка и до 30 сантиметри и наноси до половина метар
-->
Во Кавадаречко снежната покривка достигнува и до 30 сантиметри, а на некои места има наноси и до половина метар, проодни се сите патни правци, информираа попладнево од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
-Општина Кавадарци преку зимската служба на ЈП Комуналец ги исчисти и посоли сите патни правци на територија на Општина Кавадарци, тие се проодни за сите видови на превозни средства. На места пред село Страгово има наноси и до половина метар. Михајлово, Рожден и Горна Бошава, триесет сантиметри. Гарниково и Бојанчиште 25, а Страгово, Крњево, Чемерско и Бохула 20 сантиметри, соопштија од Кабинетот на градоначалникот.
Додаваат и дека најмалку снег има кон Ресава и Бегниште, околу 10 сантиметри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Една фирма добила тендери од 4,5 милиони евра од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има голема заинтересираност за вториот повик од унгарските пари за проекти во општините
-
5 години членка на Нато-предизвиците пред кои е исправена државата се големи
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ заедно со нивните судии и обвинители во акција за заштита на мазут мафијата
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили