-->
-->
Во Кичево денеска гласаат 241 лице
-->
Во Кичево денеска право на глас го остваруваат 241 лице. Денеска гласаат изнемоштени, болни, и лица на одржување казна затвор, лица во домашен притвор и раселени лица. Гласањето почна на време во седум часот и се одвива без потешкотии, информира секретарот на општинската изборна комисија во Кичево Ариан Имери.
Тој посочи дека до 13 часот 80 отсто од лицата веќе го оствариле своето право на глас.
Имери информира дека материјалите веќе се подигнати од страна на изборните комисии, и оти Општинска изборна комисија во целост е подготвена за утрешното гласање на локалните избори.
Во Кичево има вкупно 116 избирачки места каде се запишани 50.578 гласачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани