Во Кичево продолжи граѓанскиот протест на „За заедничка Македонија”
Пред платото на Домот на културата во Кичево и денеска се одржа протест на иницијативата „За заедничка Македонија”.
На собраните граѓани им се обрати Даме Силјаноски кој истакна дека деновиве, некој, наместо почитување на гласот на народот, сака да воведе насилство во центарот на демократијата, во македонското Собрание.
- Никој нема да си поигрува со нашите чувства, им порачуваме уште еднаш да не пребројат, да не видат и да не слушнат колку сме, додека има време нека ни се придружат оти веќе излеговме и враќање назад нема. Одовде, од центарот на Кичево, уште еднаш даваме безрезервна подршка на преседателот Ѓорге Иванов да не подлегне да никакви притисоци и закани, да истрае, бидејќи со него е народот и нема да дозволиме никој друг да ни кажува што е најдобро за нашата татковина, рече Силјаноски.
Народот нема да се откаже, нагласи, од борбата за татковината.
Ново на Сител
-
Протест пред Собрание во организација на иницијативата „Кој е следен“
-
Министерството за образование и СОНК потпишаа нова спогодба за раст на платите
-
Маркови Кули - комплетно неискористен туристички потенцијал на Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова