Македонија
24. December 2015 - 13:32

Во Кичево проекција на документарниот филм „Рис таинствената мачка од нашите шуми“

Македонското еколошко друштво (МЕД) вечерва во малата сала на Центарот за култура во Кичево ќе го промовира краткиот документарен филм „Рис таинствената мачка од нашите шуми“. Проекцијата на филмот за досегашната работа поворзана со заштитата на балканскиот рис е во рамки на проектот „Културно уметнички реформи - едно поинакво Кичево”, а влезот за сите заинтересирани ќе биде слободен.

МЕД ќе одржи и предавање по повод ставањето на балканскиот рис на црвенатата листа на загрозени видови, како критично загрозен подвид на евроазискиот рис, од страна на Меѓународната унија за зачувување на природата.

Проекцијата се случува десет години по почнувањето на проектот „Програма за закрепнување на балканскиот рис”, кој Македонско еколошко друштво го спроведува во соработка со пет партнерски организации од Албанија, Косово, Црна Гора, Германија и Швајцарија.