Во Кичево протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“
Во Кичево и вечерва се одржа протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Пред платото на Домот на културата во Кичево на граѓаните им се обрати Даме Силјаноски од иницијативата.
- Драги сограѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Влаци, Бошњаци, Срби и сите останати, оваа вечер треба да сме горди кичевци бидејќи е чест да се биде дел од масовните протести во нашата татковина со една цел - заедничка унитарна Македонија за сите нејзини граѓани. Не се согласуваме и нема да дозволиме државата да ја водат политичари кои претходно не се откажале од тиранската платформа, рече Силјаноски.
Македонија, како што рече, не смее да биде уценета, ни една влада нема да може да се формира доколку условот е прифаќање туѓи платформи кои се штетни за иднината на нашата заедничка татковина.
- И на 44-от ден не сме уморни и продолжуваме напред, рече Силјаноски и ги повика присутните на достоинствен протестен марш низ улиците на Кичево.
Ново на Сител
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години
-
Приведен бегалец од затвор
-
Тетовец со „тигуан“ шверцувал пиротехнички средства на Јажинце | ФОТО
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен