Македонија
5. April 2020 - 13:03

Во Кичево состојбата стабилна, сите го почитувале полицискиот час

Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 21 часот на 4 април до 07.00 часот на 5 април, на територијата на општина Кичево сите граѓани го почитувале полицискиот час , информира портпаролот на Стефан Димоски.

Тој додадва дека не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација.

За лица во самоизолација извршени се вкупно 251 контрола, од кои во Кичево е само едно лице. Полициските службеници извршија 47 контроли на угостителски објекти.