-->
-->
Во Кина 46 нови случаи на Ковид-19, главно увезени
-->

Во Кина се пријавени 46 нови случаи на коронавирус, што претставува зголемување четврти ден по ред, но сите случаи, освен еден, се увезени од странство, соопшти Националната здравствена комисија на државата.
Кина драстично го намали бројот на случаи со локална трансмисија во земјата, но забележува постојан пораст на бројот на увезени случаи, главно кај Кинезите кои се враќаат од странство. Меѓу новите случаи пријавени денеска, 14 се во Шангај, а 13 се пријавени во Пекинг.
Така, вкупниот број случаи на коронавирус во Кина се зголеми на 81.054, со 3.261 смртни случаи.
Провинцијата Хубеи, каде што епидемијата првпат изби кон крајот на минатата година, соопшти дека нема нови случаи на вирусот веќе четврти ден по ред.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Шефот на словачката дипломатија во официјална посета на Македонија
-

Нема финален договор меѓу МОН и студентите
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
