Македонија
3. September 2015 - 15:13

Во Кисела Вода досега легализирани 4.063 дивоградби

Во Општина Кисела Вода денеска се издадени 50 решенија за легализација на дивоизградени објекти.

Од досега поднесените 11.879 барања за легализација во Општина Кисела Вода легализирани се 4.063 дивоградби.

- Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат моментно изнесува 3.117. Исто така, изготвени се уште 103 урбанистички согласности, од кои за 87 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување решенија за легализација на објектите да може да се продолжи, соопшти Општина Кисела Вода.