Во Кочани 489 барања за субвенции за предадена оризова арпа
На еден ден пред истекот на рокот за поднесување пријава за предадени количини на оризова арпа кај откупните и преработувачките капацитети, оризопроизводителите од Кочанскиот производен регион забрзано ги доставуваат комплетираните документи за пријавување во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани за добивање субвенција по основ на предадена оризова арпа во текот на јули од реколтата во 2015 година.
Од подрчаната единица на Министерството во Кочани истакнуваат дека на еден ден пред истекот на рокот 31 август, се поднесени 489 апликации за добивање дополнителни субвенции за предадена оризова арпа кај откупувачите.
Посочуваат дека ова е во рамки на очекувањата и најавуваат дека овој број во текот на утрешниот ден би се зголемил за уште шеесетина апликации, кога се очекува и Подрачната единица на Министерството во Кочани да работи и со продолжено работно време доколку има потреба од тоа.
Со новата мерка на Владата земјоделците кои имаат пријавено земјиште до 2 хектари на кое одгледуваат оризова арпа ќе добијат 5 денари дополнителна субвенција за предаден килограм кај откупувачите. Земјоделците со земјиште од 2 до 10 хектари имаат право на субвенција од 4 денари за килограм, а производителите со пријавено земјиште над 10 хектари на кое одгледуваат ориз ќе добијат по три денари за килограм.
Одлуката арпата да биде предадена од 1 до 31 јули Владата ја донесе со цел да се продадат количините останати од минатогодишната реколта 2015 година.
Ново на Сител
-
Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам
-
Французите протестираа против десницата
-
Ураганот Берил ја погоди Јамајка и ослабен се упати кон Мексико | ВИДЕО
-
Променливо облачно, во западните и крајните источни делови со локален дожд
-
Нa Табановце и Богородица за излез од земјава се чека 30 минути
-
Во Скопје утре ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци
-
Трипуновски: Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство
-
Голем пожар беснее во Измир