Во Кочани почнува 52. Драмски аматерски фестивал

Во Кочани вечер во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе биде отворено 52-то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија.
Како што информираат организаторите, на манифестација ќе настапат драмски аматери од Републиката и од странство. Фестивалот го отвораат гостите од Словенија, членовите на КД „Стична“ - „Дрзне ин лепи“ од Иванчна Горица, кои во 20 часот ќе ја одиграат претставата „Хамлет“ од Шекспир. Режијата е на Трајче Ѓоргиев.
Во 22:15 часот ќе настапи Аматерскиот театар на кочанскиот ЦК „Бели мугри“. Младите актери Тодор и Марија Ѓоргиеви и Александар Арсов ќе се претстават со „Просидба“ од Антон Павлович Чехов. Режијата потворно е на Трајче Ѓоргиев. Со ова завршува првиот фестивалски ден.
После секоја претстава предвидени се разговори со актерите и режисерот, што ќе ги води Димче Николовски, м-р по режија. Разговорите се од отворен карактер и на нив вообичаено присуствуваат и членовите на жирито.
Сите информации во врска со 52-то издание на ДАФ на Македонија, во врска со претставите, актерите, фотографии...ќе можат да се најдат на официјалната веб-страница на фестивалот: dafkocani.com.
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
