Во Кочани вечерва протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“

Граѓаните на Кочани и вечерва во голем број и се придружија на иницијативата „За заедничка Македонија“ со единствена цел да се сочува унитарноста на државата, да нема поделби, а тиранската платформа да биде отфрлена.
Како што изјавија поголем број од присуртните на протестниот марш тие се против обидите за редефинирање на државата, воведување на албанскиот јазик како втор службен јазик, како и за промена на симболите, химната и се што е државно-македонско.
Учесниците на протестениот марш кој помина во мирна атмосвера со носење на транспаренти и пеење патриотски песни и вечерва вообичаено започна во паркот на Револуцијата од пред споменикот на Никола Карев, и се движеше низ улиците на градот долж Кочанска Река, низ трговскиот центар и повторно во паркот.
Протестен марш и подршка на „За заедничка Македонија“ кочанчани најавуваат и за утревечер.
Ново на Сител
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
-

Преглед на вестите од светот
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
-

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
