Во Косово најавено укинување на полицискиот час и на забраната за забави и веселби
По видното намалување на бројот на заразени и починати од Ковид-19, косовские власти најавуваат дека од средината на идниот месец ќе ја укинат забраната за одржување веселби и свадби, која беше воведена со цел спречување на ширење на пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Асоцијацијата на општините на Косово (АОК), по денешнта средба со министерот за здравство, Арбен Витиа, соопшти дека наскоро се очекува и укинување на полицискиот час, а на 15 јуни и одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти.
– Во однос на олеснувањето на мерките, по консултациите со градоначалниците, во текот на неделава ќе се оцени сиуацијата и се очекува укинување на полицискиот час и од средината на јуни ќе се олеснат мерките во врска со веселбите. Се очекува да се дозволи угостителството да работи до 24 часот, а организацијата на свадбите се очекува да биде дозволена од 15 јуни, се вели во соопштението на АОК.
На 18 април Владата на Косово воведе општи мерки на ниво на државата за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, со кои се забрани движењето од 22.30 до пет часот наутро, додека на бизнисите им се дозволи да работат до 22 часот.
Ново на Сител
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација