Балкан
9. August 2017 - 9:02

Во Косово приведени 11 Срби и Руси за илегален прмин на границата

Косовската полиција синоќа информираше дека привела 11 лица, државјани на Србија и Русија, под обвинение за илегално преминување на границата на Косово.

Како што јави дописникот на МИА, полицијата не го соопшти нивниот идентитет, но нагласи дека меѓу уапсените има петмина мажи (тројца Срби и двајца Руси) и шест жени (две Србинки и четири Русинки).

Најмладиот меѓу уапсените е на возраст од 15, а највозрасниот на 51 година.

- По информациите добиени по оперативен пат и преземените мерки од страна на граничната полиција, лицата се уапсени во населбата Секираќа во селото Метергофкај Подуево, веднаш по нивниот илегален влез на косовска територија, стои во полициското соопштение.

Во соопштението се додава и дека уапсените влегле во Косово со два автомобила, арка „Мерцедес“ со српски регистарски таблички.

Тие се префрлени во станица на граничната полиција и во тек е понатамошна процедура предвидена со закон, се додава во полициското соопштение.

За настанот се информирани и дежурниот државен обвинител, Адвокатската комора на Косово и руската Канцеларија за врски во Приштина.