Во Косово првпат повеќе излекувани одошто заразени од Ковид-19 во еден ден
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 35 случаи кои, по тестирањата два дена едноподруго, согласно методите на Светската здравствена организација, резултираа излекувани од Ковид-19, со што бројката на лица кои ја пребродиле болеста се зголеми на 201.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, вчера според официјални информации, се забележани и 17 нови случаи на носители на новиот коронавирус, со што официјалната бројка на лица кои резултираат заразени од Ковид-19 во Косово се искачи на 780.
Петмина од новозаразените се од општина Призрен, тројца од Лепосавиќ, двајца од Подујево и по еден од Приштина и од други шест косовски општини.
Вчера во Косово е евидентирана и една нова жртва на Ковид-19, 53-годишен маж од село во општина Пеќ, кој бил примен на Инфективната клиника во Приштина истиот ден, на 27 април, во тешка здравствена состојба предизвикана и од други болести од кои страдал. Вкупната бројка на починати од заразата во Косово сега изнесува 22.
Според соопштението на ИШПК, вчера во неговата Лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 226 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на новиот коронавирус. Вкупната бројка на тестирани од појавата на епидемијата, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 6.705.
Ново на Сител
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
