Во Косово регистрирани повеќе од 100 случаи со морбили
Во Косово расте бројот на случаите со морбили односно мали сипаници. Последниот случај е 16 годишно момче, кое не било вакцинирано а имало и друг заравствен проблем.
- Првиот случај е регистриран во јуни и тоа по 16 години. До сега тој број е повеќе од 100. Заразентите се главно деца, од предучилишна и училшна возраст, но има и возрасни. Највозрасниот има 40 години. За жал, како последица на ова заразно заболување почина 15 месечно бебе од Косово Поле, потврди за косовската државна теливизија (РТК), директорот на Клиниката за инфектологија во Приштина, Хамди Рамадани.
Според него моментно во клиниката хоспитализирани се 36 пациенти со морбили, главно од Косово поле и Липљан. Еден од пацентите, посочува тој, е во тешка состојба, бидејќи боледува и од други две болести.
Околу 90 насто од регистрираните случаи не примиле вакцина против морбли.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пуцко Петрол со најголем пораст на приходот во време на СДС и ДУИ
-
Уставен се подготвува за седницата за Законот за јазиците, ДУИ предупредува за политичка криза
-
И да се зголеми минималната плата во Македонија, пак ќе биде најниска во регионот
-
Нелојална конкуренција се жалат медарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана