Во Косово се бара соборување на Владата на Иса Мустафа

Најмалку тројца пратеници од Демократската партија на Косово, ја поддржуваат идејата на „Иницијативата за Косово“, на Фатамир Лимај, за соборување на Владата на премиерот Иса Мустафа.
Шукри Буја и Наит Хасани, дел од пратеничката група на ДПК, на актуелниот спикер на косовскиот парламент Кадри Весели (екс лидер Хашим Тачи) за весникот „Експрес“ потврдиле дека ќе поддржат каква било иницијатива за заминување на актуелната влада.
- Поддржувам секоја иницијатива за соборување на Владата. Оваа Влада потфрли, изјави Хасани.
Со идентичен став е и Буја.
- Сум за соборување на оваа влада и ќе поддржам иницијатива за тоа. И други пратеници на ДПК се за уривање на оваа Влада, вклучувајќи ги Наит Хасани и Шаип Муја, потврди Буја.
И Алијансата за иднината на Косово и Движењето „Самоопределување“ ја поддржуваат иницијативата на партијата на Лимај, за соборување на Владата предводена од лидерот на Демократскот сојуз на Косово, Иса Мустафа.
Од друга страна Мустафа им порача дека мандатот на Владата ќе оди до крај.
- Немам намера да се повлечам на половина пат, независно од иницијативите да се оди на вонредни избори. Косово силно оди напред и овој напредок не може никој да го попречи, изјави Мустафа.
Демократскиот лидер, Весели пак, можноста за вонредни избори првпат ја спомна уште во октомври минатата година.
Ново на Сител
-

Бабата и дедото на судијата Ристов му давале пари за стан
-

ОБСЕ: Функционерите најчесто се спасуваат во судот
-

Повеќе од половина судови се неажурни
-

Над 120 амандмани на вториот ребаланс на буџетот, почнува расправата во Собранието
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
