Во Косово уапсени шестмина полицајци за ненамерно убиство на нивен колега
Полицискиот инспекторат на Косово (КПИ) соопшти дека, поради синоќешниот несреќен случај во село во близина на Приштина, во кој беше убиен припадник на полицијата, уапсен е полицаецот осомничен за убиството, како и петмина негови колеги, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што информира КПИ, суспендирани сè уште деветмина други полициски службеници кои биле присутни на приватна седенка во селото Златар, на која синоќа на полноќ беше убиен полицаецот од случаен истрел од пиштол од страна на негов колега.
Ниту еден од 15-те полицајци, кои присуствувале синоќешната седенка не бил таму во својство на службено лице.
– Повреденото лице, во случајов полициски службеник, е пренесен во болница, но и покрај напорите на лекарите тој починал како последица на здобиените повреди. Според прелиминарните истражни дејствија, се претпоставува дека настанот се случил на приватна седенка, на која учествувале 15 полициски службеници, сите надвор од службените задачи. Осомниченото лице во овој случај е уапсен од КПИ под сомнение дека го извршил кривичното дело убиство и со одлука на обвинителот му е одреден притвор во траење од 48 часа и е суспендиран од службата, се наведува во соопштението.
Исто така се додава дека останатите петмина уапсени полицајци, на кои исто така им е одреден 48-часовен притвор и се суспендирани од работа, се сомничат за кривичното дело „предизвикување општа опасност“ и „употреба на оружје или опасно средство“.
Ново на Сител
-
Вчера казнети 949 возачи
-
Лазаров: Воопшто нема да го потцениме Бриксен, одиме на победа и на реваншот
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за стружанец вработен во Управата за имотно правни работи
-
Косово: Специјалното обвинителство обвини две лица за шпионажа во корист на српска БИА
-
Туск: Капитулација под принуда на Украина би значела капитулација на целиот Запад
-
Шолц: Украина не е виновна за руската агресија
-
Таравари: Нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница
-
Минималната синдикална кошница за февруари 63 773 денари, зголемена за 521 денар во однос на јануари