Во косовскиот Парламент четвртипат фрлен солзавец
Во продолжение на вонредната седница, нешто по 17 часот, во косовскиот Парламент четвртпат беше активиран солзавец од страна на пратеникот Ваљон Рамадани од Движењето Самоопределување.
Солзавецот беше активиран откако пратениците се вратија по повеќе од еден час пауза.
Американскиот амбасадор Грег Делави се врати во собраниската сала. Тој претходно ја осуди блокадата на усвојувањето на договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
На ова му претходеше апсењето на пет пратеници на Самоопределување, поради активирање солзавец во три наврати денеска.
Косовскиот вице премиер Енвер Хоџај, изјави дека и покрај се, ова прашање денеска ќе се заокружи.
- Сакам да го повторам ставот на коалицијата дека сме одлучни денеска да ја изгласаме демаркацијата, истакна Хоџај.
Инаку, собранската сала темелно се контрлира од стручни лица, бидејќи и претходно сите надлежни тврдеа дека се е „чисто“ но пратеникот на Самоопределување Рамадани од собраниското столче активира солзавец.
Ново на Сител
-

Со законски измени ќе се бришат невработените, кои работат на црно
-

Тема на денот со Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
