Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 40 пациенти, вкупно се лекуваат 495 болни
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 40 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 495 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, шест во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца пациенти на Институтот за ТБЦ, двајца на Клиниката за дерматовенерологија и еден на Очната клиника. На ОРЛ се примени четири нови болни.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 11 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 15 пациенти, а на ОРЛ 28 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 152 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.
Вкупно 495 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино
-
ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес
-
Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ | Сања Лукаревска | Неформално | Sitel Podcast 039
-
РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип