Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 18 пациенти, а вкупно се лекуваaт 230
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 230 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 4 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти и 7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 9 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.
Вкупно 230 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Ново на Сител
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам
-
Преглед на вестите од светот