Македонија
8. April 2021 - 13:38

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 62 пациенти, а вкупно се лекуваaт 679

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 62 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 672 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 нови болни и 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден  пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 74 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 144 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 148 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 8 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 38 болни.

Вкупно 679 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до о часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.