Во Крива Паланка денеска два нови случаја со Ковид-19
Во изминатото деноноќие во Крива Паланка се регистрирани нови два случаја на заразени со Ковид-19, додека и во текот на вчерашниот ден Институтот за јавно здравје бележи еден заболен.
За само четири дена бројот на новозаболени лица во оваа општина изнесува дваесет лица, а вкупната бројка на активни со вирусот е 38.
Лицата кои се регистрирани изминатите неколку дена се од неколку новоформирани кластери, во угостителски објекти во градот, конфекција и еден трговски објект, поради што од Општинскиот кризен штаб посочија дека граѓаните мора да бидат крајно дисциплинирани во почитувањето на сите мерки за заштита од Ковид -19, со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот.
Од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје Крива Паланка информираат дека од почетокот на пандемијата досега во општините Крива Паланка и Ранковце од Ковид-19 се заразиле вкупно 73 лица.
Според статистиката на Институтот за јавно здравје денеска и во Општина Крива Паланка е регистрирано едно лице излекувано од Ковид-19.
Ново на Сител
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
