-->
-->
Во Крива Паланка ќе се спроведе проектот „Цело е кога има се“
-->

Со проектотот „Цело е кога има се“, општина Крива Паланка по третпат ќе учествува во Програмата Општинско корисна работа.
Проектот е поддржан финансиски од Организацијата за развој при Обединети Нации – УНДП, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за вработување на РМ и локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
- Проектот во предвидените активности опфаќа во учебната 2018/2019 во редовниот процес на образование да вклучи седум образовни асистенти за помош при наставата на деца со посебни потреби за кој родителите и директорите на училиштата уредно доставија потребни документи и согласности, а ќе биде ангажиран и дефектолог во Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост и едно лице физиотерапевт масер за стари и изнемоштени лица кои имаат потреба од релаксирачка масажа, информира Елена Христовска од општина Крива Паланка, одговорна за проектот.
Планирано е да бидат ангажирани девет лица кои се невработени, а се евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија, на скратено работно време од четири часа дневно, во времетраење од шест до девет месеци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
