-->
-->
Во Крива Паланка промовиран „Славишки зборник 3“
-->

Градски музеј Крива Паланка денеска го промовираше третото издание на „Славишки зборник“, стручен журнал за историја, археологија, етнологија, историја на уметност, хералдика и сродни дисциплини.
- Искусните и долгогодишни истражувачи од разни генерации, како и младите проучувачи поместиле во збирката бројни авторски трудови во кои се презентирани нивниет истражувачки потфати, теоретски анализи, стручни експозеа и научни медитации. Резултатите од ова издание, пред се од областа на археологијата, отвораат нови ракурси и презентираат нова оптика во истражувањето на археолошките локалитети ситуирани во општината и пошироко, рече на промоцијата проф.д-р. Елизабета Димитрова од Институт за историја на уметност и археологија при УКИМ.
Димитрова потенцира дека е исклучително значаен трудот посветен на архeолошкиот локалитет Градиште во кривопаланечкото село Градец, првиот самостоен истражувачки проект менаџиран од Градскиот музеј.
- Во зборникот речиси сите трудови се важни референци. Мислам дека сите треба да земат пример од менаџирањето на оваа локална институција, и тоа , не само локалните, туку и националните, според сето она што можев да го видам од работењето на музејот, посочи Димитрова.
Директорот на Градски музеј Драган Величковски рече дека е презадоволен од сите учесници во „Славишки зборник 3“ кој содржи бројни моменти од историјата, културата, етнологијата и науката од овој крај застапени во 25 текстови.
- Зборникот е плод на научно-истражувачката работа во Градски музеј Крива Паланка, дел од Годишната програма, финансирана со средства од Министерство за култура, а дел од научните трудови од авторите се отстапени волонтерски на музејот, изјави Величковски.
Уредникот на „Славишки зборник 3“ Александар Маџовски, истакна дека со објавата на вакви дела се промовира културно-историското наследство и богатство на овој крај, се презентира пред научната и пошироката јавност, а со тоа сe исполнува и образовната дејност на установата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бензините, дизелот останува со иста цена
-

Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е манипулација за избегнување одговорност, судењето продолжува со изведување докази
-

Врачени благодарници на грчките болници, кои ги лекуваа повредените од трагедијата во Кочани
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјава
-

Обвинителство: Заврши увидот во Росоман каде син уби мајка, издадена наредба за обдукција
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене
-

16-годишно девојче од Скопје пријавено за исчезнато, пронајдено во стан во Гостивар
