Македонија
20. January 2016 - 18:48

Во Крива Паланка собрани 51 единица крв

На денешната крводарителска акција која се одржа во локалната самоуправа на Крива Паланка собрани се 51 единица крв, информираат од општинската организација на Црвен крст Крива Паланка.

- Одѕивот на денешната акција е одличен и покрај екстремно ниските температури. Паланчани и на минус седум степени покажаа дека се хумани. Ова е прва акција годинава на територијата на Крива Паланка и втора која ја реализира Општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка, изјави Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст Паланка.

Првата акција годинава согласно со Горишниот план на оваа општинска организација се одржа во село Петралица, во општина Ранковце, каде беа собрани 26 единици крв.

Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка лани го натфрли годишниот план за крводарувања за речиси 40 отсто, а според Планот за крводарувања за 2016, планирани се 23 акции со проектирани 711 единици крв.

Акцијата се реализираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.