Во Крива Паланка собрани 80 единици крв
На денешната крводарителска акција која се одржа во големата сала на локалната самоуправа на Крива Паланка собрани беа осумдесет единици крв. Акцијата е во организација на Општинска организација на Црвен крст, Крива Паланка, а се реализира во соработка со Институт за трансфузиона медицина од Скопје.

- По подолг временски период кривопаланчани можеа денеска да даруваат крв, со оглед на периодот на редуцирани акции поради создадена доволна количина залихи на крвни единици во Институтот за трансфузија. Очигледно нашите сограѓани, хумани како и секогаш, ја очекувале акцијата на која имаше одличен одзив од вкупно 80 крводарители, изјави Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.
Потенцира дека месецов, согласно Годишниот план за крводарувања, предвидена е уште една акција закажана за 19 мај, во соработка со Територијална противпожарна единица Крива Паланка, а ќе се одржи по повод 20 мај-Денот на пожарникарите.
Кривопаланчани се дарители за пример кои редовно придонесуваат за натфрлање на планот за крводарувања на годишно ниво. Лани на вкупно 26 крводарителски акции биле собрани 1.029 единици крв, а организацијата се најде меѓу 16-те најуспешни општински организации кои добија признанија од националното друштво.
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
