Во крводарителска акција во Дебар собрани 29 крвни единици

Дебарската организација на Црвениот крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје денеска спроведе крводарителна акција.
- Во оваа шеста акција за годинава, да ја даруваат драгоцената течност што живот значи се пријавија четиресетина, а крв даруваа 29 лица. Поради тоа и оваа акција може слободно да ја вброиме во низата успешни крводарителски акции. Во шесте досега спроведени акции прибрани се 297 крвни единици, истакна Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.
Според него, до крајот на годинава ќе има уште шест редовни и една вонредна крводарителска акција. Вонредната акција традиционално се организира кон крајот на јули или првите денови од август, кога во родниот крај масовно е присуството на печалбарите.
Годишниот план, кој е проектиран на 744 крвни единици, веќе со години не само што целосно се исполнува, туку се надминува во просек за над 10 отсто.
Ново на Сител
-

Приведени три лица во Гостивар, пронајдена дрога во возило кое било нерегистрирано | ФОТО
-

Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина
-

Трамп: Се водат многу добри разговори за Украина, нешто може да се случи
-

Зеленски: Русија ја нападна Украина со 400 дронови и 40 ракети
-

Трамп ги укинува дополнителните тарифи за Индија по договорот за руска нафта
-

ЗОИ 2026: Швајцарскиот женски хокеарски тим изолиран поради норовирус
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
-

Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026
