-->
-->
Во Куманово акција за заловување кучиња скитници
-->

Во Куманово во рамки на акцијата која е во тек, на неколку локации заловени се 20 кучиња скитници, информира денеска надлежните од секторот за инспекциски надзор.
Од крајот на јули годинава, општината спроведе неколку акции на подрачјето на целиот град и вкупно се заловени 200 кучиња скитници.
- Голема благодарност до граѓаните кои со нивни јавувања ни помагаат во реализација на овој тендер и ги укажуваат локаците каде се наоѓаат кучињата скитници. Апелирам до граѓаните да пријавуваат, изјави комуналниот редар,Гордан Таневски.
Заловувањето го спроведуваат стручни служби од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков„ Куманово, чии што ветеринарни лекари согласно правилникот кои произлегува од Законот за заштита и благосостојба на животните, вршат преглед и контрола на заловените кучиња. Куќињата се транспортираат во прифатилиште во село Четирце, каде што се вакцинираат, а по 30 дена се враќаат на локацијата каде што се заловени.
Годинава општината одвојува 800.000 денари за заловување кучиња скитници.Наредната година надлежните очекуваат општината да одвои милион денари за заловување на кучиња скитници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
-

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
-

Средба Мицкоски - Ердоган: Владата останува посветена на создавање поволна деловна клима за нови турски инвестиции и работни места
-

Дејвис куп: Македонските тенисери се вратија во Втората светска група, совладана Црна Гора
-

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли
