-->
-->
Во Куманово доделени Ноемвриските награди
-->
По повод Денот на ослободување на Куманово, 11 Ноември денеска во големата сала во поранешен комитет се одржа свечена седница на која беа врачени Ноемврските награди.
Годинава, добитници на највисокото општинско признание се четворица поеднци и две институции, Светлана Антиќ Јовчевска, новинар, писател и публицист, Мирослав Петровиќ, поранешен боксерски тренер, Томислав Нешковски, гитарист и ликовен уметник и Мерилин Стојановска, кореограф.
Наградата ја добија и библиотеката „Тане Георгиевски„ и КУД „Бајрам Шабани„ кои годинава одбележуваат 70 години од постоењето. На свечената седница на координаторот на ОН во Македонија Луиза Винтон и беше врачено признанието почесен граѓанин на Куманово.
На свечената седница беа врачени и благодарници за невладината организација „Мајка„, за доктор Фадиљ Малиќи и за учеството во НОБ за Јордан Цеков Дане.
Претходно во чест на 71 година од ослободувањето на Куманово,на Спомен костурницата положија цвеќе делегации од здруженија и институции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза