Во Куманово крводарителска акција во чест на роденденот на Тоше
Во чест на роденденот на македонската и балканската музичка ѕвезда Тоше Проески, Здружението „Коледари-почитувачи на традицијата“ од Куманово денеска во населбата Карпош ја организираше 10 крводарителска акција. Крв даруваа околу 40 членови на Здружението и кумановци.
Акцијата, како што информира членот на здружението „Коледари“ Дарко Доневски има за цел да ја поттикне хуманоста кај кумановци и кај членовите на здружението и да му оддаде чест на Тоше Проески.
Доктор Ефтим Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина -Скопје изјави дека оваа акција прераснала во традиција и се спроведува веќе 10. година. Тој додаде дека има залихи од сите крвни групи и оти редовно се организираат акции во целата држава.
- Секоја година бројот на крводарителите се зголемува и се надеваме дека ќе имаме се повеќе крводарители кои првпат ќе даруваат, ќе помагаат на луѓето и се надеваме на позитивна соработка со сите здрави луѓе од Македонија, изјави Димитровски.
Минатата година на подрачјето на Куманово, според податоците на општинската организација на Црвениот крст во Куманово, во 39 крводарителски акции собрани се 2.763 крвни единици.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава