Во Куманово почнува Малинскиот фото фестивал
Во Фото клубот „Куманово“ вечерва ќе биде отворен Четвртиот фестивал „Малински Фото Фестивал“.
За време на тридневниот фестивал ќе бидат изложени околу 500 фотографии, а ќе се одржат и промоции, поставки и предавања.
- Идејата на двајца вљубеници во фотографската уметност од Куманово од пред четири години, преточена во пилот проект, прерасна во респектабилен и репрезентативен настан кој го носи името Малински фото фестивал, во чест на првата фамилија фотографи од Куманово, изјави Жаклина Стефановска од Фото клубот „Куманово“.
Поставките на фотографии, предавањата и фото проекциите ќе се одржуваат во Центарот за култура „Трајко Прокопиев”, Галеријата на град Куманово, Народниот театар на Куманово, Домот на култура „Лазар Софијанов“ во Кратово, Музејот на град Кратово и просториите на ФК Куманово.
- Програмата на овогодинешниот фестивал ќе биде проследена со две предавања од страна на Драгослав Мирковиќ и Зоран Ѓорѓевиќ, меѓуклупска изложба „Круг”, клупска изложба на ФК Куманово „Тумба” како и на ФКК Битола и МОФ од Турција, самостојна изложба на Бојан Петровиќ – Бокац, Драгослав Мирковиќ и Душко Јовановски. Исто така на фестивалот со свои фото проекции ќе се претстават и Владимир Јовановски, Марина Крстиќ, Боб Дивајн, Горан Којадиновиќ, Бурак Сенбак, Томас Окониевски, проекција на фотографии на клупска изложба на ИРАН П.А.Ф и други, изјави Дарио Королија од Фото клубот „Куманово“.
Изложбите се од ревијален карактер, освен „Круг” која има натпреварувачки карактер. Оваа година се натпреваруваат членовите на фото клуб Куманово и фото клуб Бујукчекмеџе од Турција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец