-->
-->
Во Куманово подготвки за бадниковата поворка
-->
Околу 100-тина деца од Куманово ќе учествуваат на третата по ред бадникова поворка. Децата и организациониот одбор ги интенизивираат активностите последнава недела, соопштија денеска од одборот. Во текот на оваа недела направени се макети на пештера и витлеемските ѕвездички кои децата ќе носат во поворката. Неделава ќе се одржи последната проба на петти јануари во 13 часот во Соборниот Храм Свети Никола, каде децата ќе ја пеат песната Вечниот Бог. Секоја година бројот на децата учесници во поворката се зголемува.
–Бадниковите поворки се движење во повеќе земји од православниот свет. Ова движење го најавува раѓањето на Христос, односно Божиќ а се одржува традиционално на Бадник. Се практикувало се до Втората Светска Војна кај нас, но потоа престанува. Кај нас официјално поворките ги возобн овува игуменот на Бигорскиот манастир, отец Партениј, а во Куманово се оддржуваат со благослов на владиката Јосиф-истакна Ана Денковиќ Антевска, кој е дел од организаторите.
Поворката ќе почне на 6 јануари со почеток во 9:30 од Соборниот Храм, ќе поминат низ централните градски улици и неколку правни субјекти и ќе ја посетат општина Куманово како и претходните години, пеејќи ја песната Вечниот Бог.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски