-->
-->
Во кумановската касарна одбележан Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон
-->
Во касарната „Боро Менков“ Куманово, со воена свеченост денеска припадниците од Првиот механизиран пешадиски баталјон го одбележаа 26- ти февруари, Денот на единицата.
Во рамки на свеченоста, единиците продефилираа пред присутните, по што следеше презентација на дел од вооружувањето, опремата и возилата со кои располага единицата.
Пред присутните се обрати командантот на Првата механизирана пешадиска бригада,бригадниот генерал Зоран Милески, кој нагласи дека денешниот Прв механизиран пешадиски баталјон е мобилен и ефикасен,подоготвен да одговори на потребите и предизивиците кои ги бара денешното време.
- Ќе одиме во нови достигнувања, следејќи ги интересите на државата и стандардите не НАТО, рече командантот Милески и потсети дека изминатата година единицата учествувала во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан.
Тој потенцира дека е голем придонесот на оваа единица во справувањето со најголемиот предизивик што во моментов го има нашата држава, а тоа е справување со бегалската криза.
Потполковник Лулзим Нуредини, командант на гарнизонот во обраќањето се осврна на формирањето на Трета МУБ,на успесите кои ги постигнала бригадата во НОВ и нејзниното активно учество во завршните операции за ослободување на Македонија.
- Да се продолжи со негување на традициите на една ваква славна единица за нас преставува особена чест и обврска да го чуваме она што го создадоа борците на Трета МУБ, рече потполковник Нуредини.
Пред присутните генерали,команданти,меѓу нив и командантот на ЗОК,генерал мајор Васко Ѓурчиновски,преставници на локалните самоуправи, Здружението на борците,беа прочитани и телеграми со честитики од ГШ на АРМ по повод Денот на единицата, а беа доделени и награди, пофалници на припадници на единицата како и на соработници од јавниот и приватниот сектор.
Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов, 26. февруари е одреден за Ден на првиот механизиран пешадиски баталјон, како датум со кој се одбележува значаен историски настан, поврзан со денот на формирањето на Трета Македонска ударна бригада, а врз кој заедно со други важни датуми од историјата, се темелат традициите на АРМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пијан кривопаланчанец три пати со нож избол 22-годишна девојка во вратот
-
Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење
-
Бислимовски: Треба да им се помогне на комуналните претпријатија, но и тие треба да ги оптимизираат трошоците
-
Трамп го повика Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД