Во Македонија лани 497 случаи на насилна смрт

Од насилна смрт лани во Македонија умреле 497 лица, што претставува намалување за 3,1 отсто во однос на 2015 година, соопшти Државниоз завод за статистика.
Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2,4%. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2016 година, како и во претходните години, поголемо учество (76,1%) имаат машките лица.
Во вкупниот број на случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „несреќните случаи“ со 71.2%, „самоубиствата“ со 25.2% и „убиствата“ со 3.6%.
Во категоријата „несреќни случаи“, најголемо учество (26.0%) имаат умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда“.
Во категоријата „самоубиства“, случаите кај коишто смртта настапила поради „бесење, странгулација и суфокација“ имаат најголемо учество со 13.5%.
Во категоријата „убиства“, доминантна причина за смрт е „обид за нанесување на телесна повреда со тап предмет“, со учество од 1% во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт, информира Државниот завод за статистика.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
