Во музеите лани 476.385 посетители

Во музеите изминатата година имало 476.385 посетители. Ова го oбјави Државниот завод за статистика на Република Македонија.
Од вкупно 28 музеи, според основачот, 19 се јавни (национални) музеи, осум се јавни (локални) музеи и еден приватен музеј, додека според предметот на работа, 18 се општи и 10 специјализирани музеи.
Во 2015 година, музеите организирале 102 сопствени изложби од кои 85 изложби биле организирани од страна на општите музеи и 17 од страна на специјализираните музеи.
Музеите располагале со 224.779 инвентарирани предмети, од кои 36 980 биле изложени во музеите во 2015 година. Збирките располагале со 222.850 инвентарирани предмети, од кои 35.489 биле изложени.
Податоците на Државниот завод за статистика се добиени од пополнетите прашалници за 2015 година, што ги доставиле 28 музеи и 46 музејски збирки.
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
